Српската пејачка Јелена Карлеуша на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира целосно гола и повторно успеа да привлече огромно внимание.
Во преден план секако беше нејзината заносна фигура и облиците кои го „красат“ нејзиното тело, но внимание привлече уште еден детаљ.
Имено, поп-ѕвездата најпрво објави фотографија на која лежи на подот целосно гола, бујното деколте го покрива само со косата, а на себе има само патики, и тоа не какви било.
Станува збор за модел на патики кои за „Адидас“ ги креираше раперот Канје Вест, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан. Сето ова можеби немаше да биде толку чудно доколку Канје пред два дена не ја „заследеше“ Карлеуша на Инстаграм, на што таа му возврати.
Инаку, се работи за модел на патики YEEZY Boost 450, во боја „Colude white“, чија цена е околу 261 евро или 15,958 дeнари.
ФОТО: Инстаграм