More

    Егзодус на милионери: „На големите државни колапсови обично им претходи бегството на богатите“…

    spot_img

    Повеќе од 15.000 милионери се очекува да ја напуштат Русија оваа година, според анализата на податоците за миграцијата објавени од Henley & Partners, еден вид врска меѓу супербогатите и земјите кои продаваат државјанства.

    Според Гардијан, богатите Руси му вртат грб на рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата на Украина, поради што се очекува споменатата бројка милионери да емигрираат.

    „Русија масовно губи милионери. Богатите поединци кои емигрираат од Русија постојано се зголемуваат секоја година во изминатата деценија, што е рано предупредување за актуелните проблеми со кои се соочува земјата. Историски гледано, на големите државни колапсови обично им претходела забрзана емиграција на богати луѓе кои честопати први заминуваат затоа што имаат средства да го сторат тоа, вели Ендрју Амоилс, раководител на истражувањето во New World Wealth, кој ги собирал податоците од истражувањето.

    Се предвидува дека Украина ќе претрпи најголема загуба на богати поединци во однос на нејзината популација – 2.800 милионери кои ќе ја напуштат земјата до крајот на годината, пренесува Гардијан.

    Дестинација број еден – ОАЕ
    Најбогатите луѓе во светот традиционално се преселиле во Велика Британија и САД, но Henley & Partners истакнуваат дека Обединетите Арапски Емирати ќе ги надминат како дестинација број еден.

    Околу 4.000 супербогаташи се очекува да се преселат во ОАЕ до крајот на годината. Австралија ќе привлече околу 3.500 богаташи, Сингапур 2.800, а Израел околу 2.500. Се очекува голем број милионери да заминат и во Малта, Маурициус и Монако.

    „Малта беше една од најголемите успешни приказни на Европа во изминатата деценија, не само во однос на миграцијата на милионерите, туку и во однос на целокупниот раст на богатството“, рече Амоилс.

    „Тоа е моментално еден од најбрзо растечките пазари во светот, со раст на богатството во американски долари од 87 проценти помеѓу 2011 и 2021 година. Државјанството на Малта и донесе значајно ново богатство на оваа островска земја преку процесот на натурализација и е заслужен за силниот раст на Малта во повеќе сектори, вклучувајќи финансиски услуги, ИТ и недвижен имот. „Околу 300 милионери се очекува да се преселат на Малта во 2022 година“, додаде тој.

    Островската држава Маурициус во Индискиот Океан е опишана од Henley & Partners како „магнет за богатство“ поради создавањето на меѓународен финансиски центар кој нуди значителни даночни олеснувања. Земјата нема данок на капитална добивка, данок на наследство и максимална даночна стапка од три проценти.

    Според Извештајот за богатството на Африка за 2022 година, Маурициус сега е дом на 4.800 супербогати луѓе во споредба со 2.700 пред една деценија. Околу 150 нови милионери се очекува да се преселат во Маурициус во 2022 година, главно од Јужна Африка и Европа.

    Монако долго време привлекува супербогати луѓе од целиот свет бидејќи не наплаќа данок на доход, данок на капитална добивка или данок на имот. Нешто помалку од седум од 10 луѓе кои живеат во Монако се милионери.

    Населението на супербогатите во Велика Британија се очекува да падне за 1.500, со што бројот на луѓе со повеќе од 1 милион долари ќе се искачи на 738.000. Во моментов во светот има повеќе од 15 милиони супербогати луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img