Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери.
„Стрелецот се уште не е уапсен“, соопшти полицијата во најнаселениот град во САД.
Инцидентот се случил на метро станицата во Бронкс вчера попладне по локално време, на почетокот на вечерниот шпиц, кога многу деца се враќаат од училиште, а луѓето се враќаат дома од работа. Штом се отвориле вратите на метрото, напаѓачот отворил оган надвор, а на платформата имало многу луѓе.
Пукањето се случило по тепачка меѓу две групи тинејџери во возот.
– Не веруваме дека ова било случајно пукање. Не веруваме дека ова лице пукало неселективно во воз или на станица – изјави висок функционер на њујоршката полиција прес-конференција.
По стрелецот се трага, но полицијата не ја исклучува можноста повеќе од едно лице да отворило оган.
Убиениот има 34 години. Четири од петте жртви се со тешки телесни повреди, но нивните животи не се во опасност.
Меѓу повредените има 14-годишно девојче и 15-годишно момче, за кои се верува дека биле вмешани во конфликтот. Останатите жртви се на возраст од 28, 29 и 71 година и најверојатно биле застрелани случајно.
Криминалот во њујоршкото метро е редок. Во април 2022 година, маж пукаше со пиштол во воз кој минуваше низ Бруклин, при што беа повредени 10 луѓе, што беше прво масовно пукање во подземната железница на Њујорк од 1984 година.