More

    Едно лице загина, а 4 се повредени во инцидентот во Русија, ученичка пукала низ училишите, па се самоубила

    spot_img

    Утрово имало пукање во училиште во областа Брјанск во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тасс.

    – Ученичка од осмо одделение, донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати – рекол изворот.

    Според првичните информации, ученичката испукала неколку истрели, при што едно лице е убиено и 4 се повредени. Потоа девојчето се самоубило.

    „Во овој момент се знае дека четири лица се повредени, а двајца го загубиле животот. Се претпоставува дека еден од загинатите е самата ученичка која пукала“, пишува управата во својот телеграмски канал, пренесува РИА Новости.

    Сите други ученици беа испратени дома во придружба на возрасни. Полицијата ја опколи училишната зграда.

    За инцидентот се огласи и Министерството за здравство.

    -Еден од повредените е во тешка состојба – изјави за новинарите помошникот министер за здравство на Русија Алексеј Кузњецов.

    Се утврдуваат мотивите и околностите на настанот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img