Едно лице починало, а 21 се новозаболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 893 тестови, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница по 1.
Не се регистрирани реинфекции, а оздравеле 89 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (72) во болнички услови.
Досега во земјата се дијагностицирани 309.229 лица, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи е 561. Во Скопје има 304 активни случаи, а во осум града нема ниеден заболен.