Едно лице починало, а 133 се новозаболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 1.833 тестови, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид по 3, Кавадарци, Струмица и Берово по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово по 1.
Од вкупниот број позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 156 оздравени пациенти.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно лице (73) од Струга, починато во болнички услови од Струга, пријавено на 08.04.2022 година.
Досега во земјата се дијагностицирани 308.752 лица, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801. Во Скопје има 444 активни случаи. Во Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Богданци, Кратово, Македонски Брод, Демир Капија, Македонска Каменица и во Дојран нема активни случаи.