Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово во близина на Битола, кај местото „Кукречанска раскрсница“. До несреќата дошло кога се судриле патнички автомобил и камион.
Поради несреќата, сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола.
Истрагата е во тек, во текот на денот се очекуваат детални информации за причините за тешката сообраќајна несреќа.