Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлијa

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија поради што имаше и времен прекин на сообраќајот на оваа делница. Во сообраќајката настрада 42-годишник од село Кравари кој управувал со автомобилот што излетал од коловозот.

„На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“ – стои во известувањето од МВР.

Share This Article