Едно девојче од Србија се нашло во анкета која е направена во градинка, каде ѝ било поставено едноставно прашање – какви треба да бидат луѓето за да добијат подарок за Нова година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно девојче од Србија се нашло во анкета која е направена во градинка, каде ѝ било поставено едноставно прашање – какви треба да бидат луѓето за да добијат подарок за Нова година?

– Какви треба да бидеме за да добиеме подарок од Дедо Мраз? – го прашала новинарката девојчето, а тоа накратко одговорило: „Добри“.

Со желба да ѝ образложи што подразбира под зборот „добри“, новинарката поставила уште едно потпрашање.

А што значи тоа, како да бидеме добри? – прашала таа, а иако веројатно очекувала оригинален одговор, сигурно не била подготвена за одговорот кој го добила.

– Па да не правиме ср*ња – рекло девојчето по што новинарката се изнасмеала.

Видеото стана хит на социјалните мрежи, а под истото се нижат коментари како „Убаво вели детето“ и „Децата знаат, уште ние возрасните да сфатиме“…

 

Share This Article