More

    Една изјава на руски пратеник може да направи нова војна

    spot_img

    Тензиите меѓу Русија и Полска во последно време се вжештуваат, откако Варшава пресели дел од своите сили на границата со Белорусија поради загриженоста за присуството на руската приватна воена група „Вагнер“ во областа.

    Плусинфо веќе пишуваше дека Полјаците формираат нов баталјон во градот Августово во регионот Сувал, најранливата точка во Источна Европа. Дури, според некои воени блогери, можно е Полјаците да постават мини во делови од од коридорот Сувалки, кој на стотина километри е тромеѓе меѓу Полска, Белорусија и руски Калининград.

    Што претходеше на целата оваа ситуација? Стационирањето на борците на групата „Вагнер“ во Белорусија, по бунтот предводен од нивниот лидер Евгениј Пригожин против руското воено раководство минатиот месец, ја зголеми загриженоста за стабилноста на многу земји во Источна Европа.

    Според неодамнешниот извештај на американското списание „Њузвик“, Полска, која дели стратешки важна североисточна граница со Белорусија, претходно овој месец преселила 1.000 војници во близина на нејзината граница со оваа земја. Причината за тоа е загриженоста поради присуството на „Вагнер“ на териториите на неговиот источен сосед.

    Во своите изјави минатата недела, рускиот претставник Андреј Картаполов сугерираше дека борците на групата би можеле да извршат напади врз Полска во блиска иднина, додека полските и украинските власти потврдија дека борците на групата пристигнале во Белорусија.

    Ако нешто се случи, коридорот ќе ни биде потребен 

    Магазинот „Њузвик“ претходно го цитираше Картаполов, поранешен руски заменик министер за одбрана пред да стане пратеник во рускиот Парламент, кој рече:

    – Мислам дека претседателот Владимир Путин ја прогони групата „Вагнер“ во Белорусија за да се подготви за напад врз Полска.

    Списанието забележува дека поранешниот руски воен лидер го изразил ова мислење за време на гостувањето на руската државна телевизија во програма со новинарот Владимир Соловјев.

    – Јасно е дека приватната воена компанија „Вагнер“ отиде во Белорусија да ги обучува белоруските вооружени сили, но не само поради таа причина. Има нешто како коридорот Сувалки. Вие многу добро знаете што е тоа. Ако нешто се случи, навистина ни е потребен овој коридор – рече Картаполов.

    Според „Њузвик“, коридорот Сувалки, мал, но стратешки важен појас на полска територија во близина на руски Калининград, долго време претставува проблематична точка за Москва.

    Оваа загриженост доведе до неодамнешно влошување на односите меѓу Варшава и Москва, кои веќе беа затегнати со руската инвазија на Украина.

    Полска ги сака историските територии?

    Како одговор на ваквиот потег на Полска, рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Варшава, на состанокот со членовите на рускиот Совет за национална безбедност, кој беше пренесуван во живо на телевизија, да не врши напад врз Белорусија. Тој рече дека западните области на денешна Полска биле „подарок на Сталин“ за Полјаците на крајот на Втората светска војна.

    Путин нагласи дека „агресијата против Белорусија значи агресија врз Руската Федерација и на тоа ќе одговори со сите расположливи средства“.

    „Њузвик“, повикувајќи се на „Политико“, објави дека Путин, врз основа на докази, тврди дека Полска сака да ја преземе контролата врз нејзините наводни „историски територии“, обвинувајќи ја дека се обидува да заземе голем дел од Украина, а исто така сонува за териториите на Белорусија.

    Полскиот премиер Матеуш Моравјецки му одговори на Путин преку Твитер, повторувајќи дека „Сталин бил воен злосторник, одговорен за смртта на стотици илјади Полјаци“ за време и по Втората светска војна.

    Старо-нова слика за Сталин и за Путин

    Моравјецки додаде дека изјавата на рускиот претседател „е обид да се поправи угледот на воениот злосторник Сталин од друг воен злосторник, а тоа е Путин денеска“.

    Во спроведувањето на одлуките донесени од големите сили во 1945 година по Втората светска војна, границите на Полска беа проширени за околу 300 километри на запад, во споредба со предвоената карта.

    Според тоа, Советскиот Сојуз ги задржа териториите што ги припои во 1939 година во источна Полска, додека некои области што и припаѓаа на Германија беа припоени кон Полска.

    Министерството за надворешни работи на Полска во саботата го покани на интервју рускиот амбасадор во Варшава, по изјавите на рускиот претседател Владимир Путин во кои тој ја обвини Полска дека бара директна интервенција во украинската војна, со цел анексија на делови од нејзините територии.

    Полскиот заменик министер за надворешни работи Павел Јаблонски за медиумите изјави дека поканата до рускиот амбасадор уследила по „провокативните изјави на претседателот на Русија, покрај заканите и другите непријателски мерки на Руската Федерација кон Полска и нашите сојузници“.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img