Руски воени инструктори пристигнаа во Нигер во средата со авион со воена опрема, објави нигерската државна телевизија РТН, повикувајќи се на договорот меѓу хунтата и рускиот претседател Владимир Путин за зајакнување на соработката.
Нигер е во центарот на вниманието во западната хемисфера откако земјата лани ги прекина дипломатските и воени односи со Франција, откако хунтата дојде на власт .
На снимката од истоварот на воената опрема која беше емитувана на државната телевизија во Нигер, еден маж во маскирна униформа, за кој се вели дека е инструктор вели:
– Тука сме да ја обучиме армијата на Нигер и да развиеме воена соработка меѓу Русија и Нигер.
Тоа ги поттикна шпекулациите дека ќе ги продлабочи безбедносните врски со Русија како соседните Мали и Буркина Фасо.
Во меѓувреме, владејачката хунта во соседно Мали им забрани на медиумите да известуваат за „активностите на политичките партии и здруженија“. Еден ден претходно хунтата ги забрани сите политички активности во земјата.