Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Како што објави Радио Слободна Европа, со речиси откажан бубрег Видевски е префрлен на Клиниката за нефрологија.
Неговиот адвокат Бојан Манев во изјава за РСЕ вели дека Видески во неконтактибилна состојба вчера утрото бил транспортиран од притвор на Клиниката.
Тој во минатото имал трансплантиран бубрег, и веќе подолго време се жалел на болки.
Видевски се наоѓа во притвор од почетокот на декември лани кога беше уапсен како осомничен за делата. И претходно во неколку наврати е носен на интервенција на Клиника.