Еден од најпознатите американски спортски новинари, Грант Вoл, синоќа почина во Катар додека известуваше од Светското првенство.
Американската фудбалска асоцијација соопшти дека Вол починал додека известувал за четвртфиналниот натпревар, а медиумите тврдат дека тој починал за време на натпреварот Аргентина – Холандија.
Причината за смртта е непозната, но неговиот брат изјави дека е убиен бидејќи Вол на натпреварот САД – Велс се обиде да влезе на стадионот со маица на која имаше беџ на ЛГБТ заедницата.
– Поради мене носеше дрес со ЛГБТ знаме на Светското првенство. Не верувам дека брат ми почина, сигурен сум дека е убиен – изјави Ерик.
Дел од неговите колеги зборуваат дека тој само паднал од своето седиште за време на натпреварот. Лекарските служби интервенирале, но не успеале да го спасат.