More

    Еден од најобемните воздушни напади врз Украина од почетокот на инвазијата

    spot_img

    Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади од почетокот на руската инвазија пред две години, соопшти украинската војска. Со десетици дронови, кои Украина успешно ги собори, ја нападна и областа Киев. Во меѓувреме, руската војска ја започна третата фаза од вежбите за распоредување на тактичко нуклеарно оружје.

    Руската армија синоќа со десетици беспилотни летала нападна цели во Киев и други делови на Украина. „Повеќе од 40 беспилотни летала беа соборени во два брана над областа на Киев и на периферијата на главниот град“, објавија украинските власти на Telegram, додавајќи дека ниту еден дрон не ја погодил целта во Киев.

    Според податоците на украинските воздухопловни сили, руската војска во нападите синоќа употребила вкупно 89 беспилотни летала, а воздушната одбрана на Украина ги соборила сите. Тие ја пресретнале и руската маневарска ракета Ч-59, јавува германската новинска агенција dpa.

    Според украинската војска, тоа бил еден од најголемите воздушни напади од почетокот на руската инвазија пред две години.

    Севкупно, Киев, со своите три милиони жители, беше во воздушна готовност повеќе од осум часа ноќе. Напади со руски беспилотни летала беа пријавени и од други делови на Украина. Шест од нив, наводно, биле соборени над регионот Дњепропетровск на југоисток, а уште четири над регионот на Миколаев на југот на земјата.

    Русија денеска го објави почетокот на третата фаза од вежбите за распоредување и употреба на тактички нуклеарни борбени способности, соопшти Министерството за одбрана во Москва, пренесоа странските новински агенции. Руската армија ја спроведе првата фаза од вежбите во мај, а Белорусија се приклучи на втората фаза во јуни.

    „Третата фаза од вежбите е насочена кон одржување на подготвеноста на персоналот и опремата за употреба на тактичко нуклеарно оружје за спроведување на борбени мисии“, соопшти Министерството за одбрана во Москва, пренесуваат руските медиуми и српската новинска агенција Танјуг.

    Министерството исто така соопшти дека третата фаза од вежбите ќе се одржи во два од петте руски воени окрузи, каде војниците, меѓу другото, ќе обучуваат за поставување боеви глави на ракетите „Искандер-М“ и подготовка на борбени авиони. пренесува француската новинска агенција АФП.

    Тоа е централниот воен округ, кој го опфаќа Сибир, голем дел од територијата околу Волга и Урал, и области долж границите со земјите од Централна Азија, и јужниот округ, кој меѓу другото го вклучува и полуостровот Крим, четири делумно окупирани региони на југот и истокот на Украина, како и командата во Ростов на Дон, од каде ја водат руската офанзива во Украина.

    По почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Путин постојано се закануваше дека Русија може да користи тактичко нуклеарно оружје за одбрана во вонредна ситуација.

    Рускиот претседател и врховен командант Владимир Путин нареди почеток на првата фаза од вежбите за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во мај, наводно поради зголемените закани од Западот. Потоа во јуни следеше втората фаза во која учествуваше и белоруската армија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img