More

    Еден од најголемите фудбалски тренери на денешницата, Јирген Клоп, по заминувањето од клупата на Ливерпул, слободно може да избере нова срединa

    spot_img

    Еден од најголемите фудбалски тренери на денешницата, Јирген Клоп, по заминувањето од клупата на Ливерпул, слободно може да избере нова средина. Иако најави дека сака да се одмори од фудбалот, Клоп на масата има две примамливи селекторски понуди.

    Клоп ја напушти клупата на „црвените“ по 9 години минати на „Енфилд“ и освои сè што можеше да се освои. По 30 години чекање на „Енфилд“ го врати трофејот во Премиер лигата, ја донесе Лигата на шампионите со уште две изгубени финалиња, но и ФА Купот, Карабао купот и Светското клупско првенство.

    Германецот по повлекувањето од клупата на Ливерпул истакна дека му е потребен одмор и дека сака да се посвети на семејството, но сега на маса има две примамливи понуди.

    Првата е од Фудбалска федерација на САД која сака максимално да го подготви тимот за настап на Светското првенство во 2026 година, а Клоп на клупата на оваа селекција би го наследил Грег Берхалтер.
    Сепак, „The Normal One“ ја одби оваа понуда и рече дека сè уште не е подготвен да се врати.

    Оваа откажување би можело да се поврзе со втората селекторска понуда која е многу попримамлива, онаа на германската репрезентација.

    Клоп се споменува како потенцијален наследник на Јулијан Нагелсман, доколку ДФБ и младиот специјалист се разделат.

    Покрај Ливерпул, Клоп од клупата ги водеше и Мајнц и Борусија Дортмунд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img