Еден од најдобрите тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ, едноставно, не се уморува. Веднаш по тенискиот натпревар против незгодниот сервер Максим Креси, кој Србинот го доби со два освоени сета, Ѓоковиќ одлучи да им приреди мала забава на децата кои се задолжени за собирање топчиња.
Тој им приредил незаборавно искуство и решил да одигра пинг-понг наптревар со еден од тинејџерите, а видеото го сподели на социјалните мрежи.