Еден Голан, претставничката на Израел на овогодинешниот Евросонг, во нејзиниот прв настап по музичкиот натпревар ја изведе забранетата верзија на песната со која се натпреваруваше во Шведска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден Голан, претставничката на Израел на овогодинешниот Евросонг, во нејзиниот прв настап по музичкиот натпревар ја изведе забранетата верзија на песната со која се натпреваруваше во Шведска.

„Ова е прв пат да настапувам по Евровизија и важно ми е да ја испеам песната со овие зборови, на оваа сцена, на овој плоштад. Ќе продолжам да го користам мојот глас на и надвор од сцената додека секој од овие луѓе безбедно не се врати дома“, напиша таа на Инстаграм.

Еден настапи пред околу 100.000 луѓе, а исто толку прегледи доби и нејзиното видео.

Голан првично требаше да настапи на Евровизија со песната „Октомвриски дожд“. Но, организаторите на Евровизија побараа од Израел да го смени текстот на песната бидејќи оценија дека таа носи политичка порака.

Последните три стиха требаше да се пеат на хебрејски и се однесуваа на нападите од Хамас во октомври 2023 година.

После тоа песната го доби името „Ураган“, а текстот беше сменет.

Share This Article