Еден галеб „се олесни“ врз премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ токму додека даваше изјава за новинарите, пренесуваат хрватски медиуми, а видеото од овој „инцидент“ стана вирално на социјалните мрежи.
Додека премиерот Пленковиќ им зборуваше на новинарите за новиот пакет мерки што ги подготвила владата за помош на стопанството, неколку галеби го надлетале местото, а еден од нив бил особено прецизен.
И додека Пленковиќ смирено си го чисти сакото и со еден од соработниците коментира дека нема како да се заштити во ваква ситуација, една новинарка му дофрла: „Можеби ако бидете поконкретни во одговорите“, и веднаш додава, „се шегувам“.