Двојно убиство се случи вечерва во Стара чаршија во Скопје, во близина на кафе барот „Шиша бар“. Во престрелката рането е и едно лице.
Според засега непотврдени информации, се работи за пресметка меѓу две групи од криминалното подземје.
МВР го потврди настанот дека во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Некои медиуми јавуваат дека се повредени седум лица, но тоа официјално не е потврдено.
Местото во околина на Калето го обезбедуваат бројни полициски екипи и пристапот е ограничен.
фото: МИА