Двојно повееќе гас преку Јужниот гасен коридор од Азербејџан ќе треба да пристигнува во Европската Унија во следните пет години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двојно повееќе гас преку Јужниот гасен коридор од Азербејџан ќе треба да пристигнува во Европската Унија во следните пет години, односно до 2027 година. Ваков Меморандум денеска потпишаа претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Зголемувањето на испораките на гас од Азербејџан ќе придонесе за целите за диверзификација на снабдувањето на планот REPowerEU и исто така ќе ѝ помогне на Унијата да ја прекине зависноста од рускиот гас, соопшти Европската комисија.

Азербејџан веќе ги зголеми испораките на гас во ЕУ, од 8,1 милијарди кубни метри во 2021 година на 12 милијарди во 2022 година, врз основа на зајакнатата енергетска соработка.

Фон дер Лајен рече дека новиот Меморандум отвора ново поглавје во енергетската соработка со Азербејџан, кој е клучен партнер на ЕУ за намалување на зависноста од руските фосилни горива.

– Ние не сакаме само да го зајакнеме постојното партнерство … туку и да поставиме темели на долгорочно партнерство во областа на енергетската ефикасност и чистата енергија – рече претседателката на Комисијата.

Во Меморандумот се наведува дека ЕУ и Азербејџан имаат заедничка амбиција да го забрзаат развојот и воведувањето капацитети за производство и пренос на енергија од обновливи извори.

Целта, како што соопшти Комисијата, е да се искористи синергијата меѓу транзицијата на ЕУ кон чиста енергија и големиот неискористен капацитет на Азербејџан за енергија од обновливи извори, особено во случај на оенергија на море.

Европската комесарка за енергетика Кадри Симсон рече дека Меморандумот ја нагласува стратешката улога на Јужниот гасен коридор во напорите на Брисел за диверзификација.

Симсон рече и дека соработката меѓу ЕУ и Азербејџан не е ограничена само на испорака на гас, туку се однесува и на воведување обновливи извори и решавање на проблемот со емисиите на метан.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article