More

    Двојката прошета по улица со бебето, се крие полот на детето

    spot_img

    Актерската двојка Суки Вотерхаус и Роберт Патинсон станаа родители. Тричленото семејство се прошета во Лос Анџелес и ги потврди шпекулациите на обожавателите. На семејството на прошетката му се придружила мајката на Вотерхаус, Елизабет, пишува „Дејли мејл“. Полот на детето сè уште не е откриен, а Суки три недели не се огласила на својот профил Инстаграм.

    Манеканкта и актерка Суки Вотерхаус ја објави својата бременост на фестивалот „Коронс капитал“ кога го покажа својот труднички стомак.

    „Мислев денеска да облечам нешто светкаво за да го одвлечам вниманието од нешто друго што го имам“, рекла тогаш Суки, откривајќи дека е бремена.

    Иако беа заедно пет години, парот во 2023 година почна да живее заедно. Изворите велат дека со нетрпение чекале да се венчаат и да станат родители. А љубовта, судејќи по нејзините изјави, е иста како и првиот ден.

    „Секогаш сум возбудена кога ќе видам дека неговото име се појавува на мојот телефон и мислам дека тој го чувствува истото за мене“, рекла Суки.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img