Природонаучниот музеј во Женева подготвува специјална роденденска прослава за двоглавата желка Јанус, која во сабота ќе наполни 25 години.
Јанус, кој има две срца и две бели дробови, не би можел долго да преживее во дивината бидејќи не може да ја вметне главата во својата школка за да побара засолниште од предаторите.
Но, Природонаучниот музеј во Женева, каде што беше изведен во 1997 година, може да ги задоволи сите негови потреби.
За него се грижи Анѓелика Буржоан и нејзиниот тим негувателки кои веруваат дека тој е најстарата бицефалична желка во светот.
Го хранат со органска салата, секојдневно го масираат и го капат со зелен чај и камилица. Тој оди на редовни прошетки, понекогаш со музика и се вози на скејтборд направен по нарачка.
„Мислам дека тој и денес е тука поради вниманието што му го посветуваме и нашата лојалност“, рече Буржоан.
За Јанус, грчката желка именувана по римскиот бог со две лица, викендов се подготвува посебна прослава.
Тој е под постојан надзор во случај да падне бидејќи може да биде фатален. Тој преживеа операција со камења во мочниот меур во 2020 година, а главата треба повремено да се третира со вазелин за да се спречи рани да се тријат едни со други.
Неговите две „личности“ предизвикуваат различни расположенија кои повремено можат да доведат до конфликт, на пример кога треба да избере во која насока ќе се движи.
„Десната глава е пољубопитна, повнимателна, има многу посилна „луцидност“. Левата глава е попасивна и сака да јаде“, вели Буржоан, додавајќи дека едната глава е повеќе наклонета кон салата, а другата кон моркови.