More

    Двете први дами на гала приемот се погодија идентично облечени

    spot_img

    Кралот Чарлс и кралицата Камила дојдоа во официјална посета на Франција, а по тој повод беше организирана гала вечера, церемонија на која присуствуваа еминентни актери и пејачи.

    Вниманието на јавноста го привлече изгледот на кралицата Камила и на првата дама на Франција, Брижит Макрон кои дојдоа идентично облечени.

    Темно сини тоалети, со иста нијанса и должина, со бисери и ист материјал создаваа впечаток дека две жени се договориле што да облечат. Камила стајлингот го дополни со впечатлив накит од кралицата Елизабета Втора.

    Овој нивен моден избор го потенцираше фактот дека двете жени се на приближно иста возраст. И двете во осмата деценија, и двете на врвот на две важни држави. Она што е интересно е дека и за двете ова е втор брак во кој и едната и другата влегле како љубовници.

    Сепак, меѓу нив не беше забележана поголема срдечност и препознатливост . Напротив, Камила и Брижит во текот на гала вечерта едвај размениле неколку зборови меѓусебе, додека Емануел споделил неколку шеги со кралот Чарлс.

     

    На гала вечерта што ја организираше Макрон покрај кралот и кралицата беа поканети и бројни познати личности како Мик Џегер, актерот Хју Грант и актерката Ема Меки. Беа поканети повеќе од 150 гости, а на менито имаше син јастог и француски и англиски сирења.

    -И покрај Брегзит, бидејќи нашите врски се толку стари, знам дека ќе продолжиме заедно да пишуваме дел од историјата на нашиот континент – рече францускиот претседател Емануел Макрон во здравица.

    Кралот Чарлс кој течно зборува француски како неговата мајка, покојната кралица Елизабета, ја гледа посетата како можност за обновување на односите меѓу двете земји.

    Фото:  ЕПА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img