Две жени во Франција се осудени за клевета

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судот во Париз две жени прогласи за виновни за клевета две жени кои интернет го споделувале тврдењето дека сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон е трансродова жена.

Двете жени се осудени на парична казна од по 500 евра чие плаќање е условно. Исто така им беше наложено да ѝ платат на Брижит Макрон отштета од вкупно 8.000 евра и 5.000 евра на нејзиниот брат Жан-Мишел Троњо, кои беа тужители во судскиот процес што почна во јуни минатата година.

Ова не е победа, туку нормална примена на законот, изјави адвокатот на Брижит, Жан Еноки.

За време на судското рочиште во јуни, адвокатот ја истакна „огромната“ штета предизвикана од оваа кампања со дезинформации, што стана позната низ светот. Тој додаде дека судски постапки се водат и во Франција и во странство.

Случајот се заснова на лажни вести што се појавуваа на социјалните мрежи по изборот на Емануел Макрон за претседател во 2017 година, во кои се тврдеше дека Брижит Макрон (родена како Троњо) никогаш не постоела и дека нејзиниот брат Жан-Мишел го презел тој идентитет, по го сменил полот.

Двете жени одиграа клучна улога во промовирањето на приказната во 2021 година споделувајќи го на интернет „интервјуто“ на Наташа Реј, објавено на „Јутјуб“.

Share This Article