More

    Две третини од Американците сакаат тој да се повлече од изборната трка

    spot_img

    Две третини од Американците сакаат американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од изборната трка, покажува најновата анкета на Еј-Би-Си-Њуз, Вашингтон Пост и Ипсос.

    Анкетата е направена во време кога е зголемен политичкиот притисок врз Бајден по неговиот несигурен настап во ТВ дебата на 27 јуни со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.

    Времето на објавување на анкетата би можело да биде значајно бидејќи во текот на денот е планирано демократите во Сенатот да одржат средба со претставници на кампањата на Бајден, откако сенаторот Питер Велч, највисокиот демократ, го повика Бајден да се повлече од трката, наведува неделникот Њусвик.

    Анкетата, меѓудругото, покажува дека американската потпретседателка Камала Харис би имала добри шанси да го замени Бајден како претседателски кандидат, бидејќи нејзините резултати покажуваат дека 49% од гласачите ја поддржуваат, додека 46% го поддржуваат Трамп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img