More

    Стотици илјади домови без струја во Канада поради ледена бура

    spot_img

    Неколку стотици илјади домови во Квебек се уште се без струја, два дена откако ледената бура ја погоди источна Канада, каде две лица загинаа, а беше причинета голема материјална штета, особено во Монтреал.

    Околу 630.000 домови се уште се во мрак, додека деновиве имаше 1,1 милион.

    Од локалната електродистрибутивна компанија најавија дека повеќето од нив до крајот на денот повторно треба да имаат струја.

    Во Монтреал се отворени шест привремени центри за итно сместување за граѓаните чии домови се без струја.

    Ледената бура ги погоди Квебек и Онтарио, двете најнаселени провинции во Канада. Тоа е најголемиот прекин на електричната енергија во Квебек од ледената бура во 1998 година, која ја втурна провинцијата во хаос неколку недели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img