Џенифер Лопез вели дека својата добра фигура ја должи пред се на вежбањето кое никогаш не го прескокнува, но и на здравата и разновидна исхрана.
И покрај тоа што има 54 години, Џенифер Лопез се уште изгледа сензационално, а за тоа вели дека е посветена на вежбањето и нутритивно богатата храна која редовно ја јаде.
Според Women’s Health, таа мора секое утро да пие вода со лимон, што го забрзува нејзиниот метаболизам и промовира губење на тежината. За појадок повеќе сака грчки јогурт со овошје, додека омиленото јадење за ручек и е пилешко или мисиркино месо, пишува Индекс.
Сепак, има и намирници кои не ги сака, па никогаш не ги јаде.
Како што еднаш откри за медиумите нејзиниот личен готвач Келвин Фернандез, Лопез не сака да јаде лосос и бобинки. Членовите на нејзиното семејство ги обожаваат овие намирници, но таа не ги јаде.
„Џенифер сака да јаде риба, но воопшто не поднесува лосос. Кога го подготвувам за нејзиното семејство, секогаш морам да и послужам некој друг вид риба како бас или бакалар“, откри Фернандез. Исто така, таа не сака бобинки, омилената закуска на нејзините близнаци.