Две лица загинаа, а четворица се ранети кога маж (60) денеска почна да пука на улица во Париз.
Според новите информации, од четворицата ранети двајца се во тешка состојба.
Извештаите велат дека 60-годишен маж го извршил нападот во близина на курдски центар, јави БФМТВ. Напаѓачот бил приведен, засега не се познати мотивите за нападот. Полицијата ги повика жителите на тој дел од Париз да избегнуваат таа област (10 арондисман) за движење.
– Се слушнаа седум, осум истрели – изјави за АФП сведок на престрелката, додавајќи: „Имаше општа паника“.
Медиумите јавуваат дека пукањето се случило во близина на просториите на курдското здружение, но сѐ уште официјално не е поврзано со таа организација.