Две деца на возраст од околу 12 години рано утрово загинаа додека поминувале на обележан пешачки премин во Вировитица.
На зебра премин налета возач на комбе. Несреќата се случила во понеделникот нешто пред 08:00 часот во близина на пицеријата 4М на улицата Штросмаерова во Вировитица, пишува Даница.хр.
Учениците починаа на првиот ден од наставата по зимскиот распуст. Со возило на Брза помош биле пренесени во болница, а сериозноста на повредите се уште не е позната.
Очевидци кои случајно се нашле таму во моментот на несреќата велат дека видливоста била многу слаба поради дождот и темнината, а патот бил влажен и лизгав.