More

    Двајца загинати, неколкумина повредени во напад на болница во Кина

    spot_img

    Маж уби две лица со нож и рани уште најмалку 21 во болница во Женксионг, југозападна Кина, соопштија локалните власти. Областа била опколена од полиција, а мажот наводно бил уапсен, пренесува британски Би-Би-Си.

    На снимката објавена од државниот портал „The Paper“ се гледа како маж вперува нож кон друг човек кој држи стап и полицајци кои брзаат на местото на настанот, објави француската новинска агенција АФП.

    Локалните власти соопштија дека го истражуваат наводниот напаѓач. Британскиот Би-Би-Си јавува дека мажот е уапсен, но дека деталите не се познати.

    Огненото оружје е забрането во Кина, но нападите со нож се зголемија во последните години. Минатиот август, две лица беа убиени, а неколку други беа повредени во напад со нож во Јунан од ментално растроен маж. Еден месец претходно, шест лица загинаа во напад со нож во градинка во јужна Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img