More

    Двајца Велешани искасани од оси, едниот од нив починал

    spot_img

    Во велешката болница вчера биле донесени две лица искасани од оси, едниот на околу 60 годишна возраст, другиот бил 30-годишен маж. Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30-годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, било испратено дома.

    Во велешката населба Речани вчера, 60 годишниот маж, сега веќе починат, целиот искасан од оси во состојба на кома со Брза помош бил однесен итно во велешката Општа болница.

    Како што вчера информира за МИА, д-р Милка Панова од Брза помош од Велес, тие биле повикани во 11:05 часот, а кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот со повеќе убоди од оси на рацето, лицето и по целото тело.

    – Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е аларгично на оси и итно со нашето возило на Брза помош, а во состојба на кома го однесовме во велешката болница – информира д-р Панова.

    Како што информира денеска за МИА д-р Јелана Левкова Ќамилова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, тие вчера не знаеле дека истовремено биле донесени двајца пациенти искасани од оси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img