Двајца тетовци ќе одговараат за поттикнување омраза и насилство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двајца тетовци се повикани на разговор во полиција под сомнение дека пишувале коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, под објави на интернет портали, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово.

СВР Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, целосно се расчистени два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.
Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, со кои е извршен службен разговор, при што Д.Р. го признал делото.

По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Share This Article