More

    Двајца скопјани фатени со три пиштоли и муниција

    spot_img

    Две лица од Скопје и едно од Прилеп се упасдени откако кај нив се пронајдени големи количини недозволено оружје – соопшти МВР во дневниот билтен

    Полициски службеници вчера на ул.„Кичевска”, на подрачјето на Ѓорче Петров сопреле патничко возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(35), во кое совозач бил Б.С.(34). При претрес на возилото полицајците пронашле три пиштоли „Застава М57″ со рамки со муниција. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

    Прилепската полиција, пак, денеска го уапси Д.С.(44) од Прилеп, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе предмети за изработување оружје и орудија за вршење кражби, како што се солзавец, шишенца исполнети со течност, разновиден алат и друго.

    Додека, при претрес во викенд куќа во с.Бешиште, прилепско, во која тој престојувал, полициски службеници пронашле и одзеле прачки индустриски експлозив, спорогоречки штапини, детонатораки каписли, ловечка пушка калибар 12мм, делови од ловечка пушка, ловечки патрони калибар 12мм, куршуми од различен калибар, делови од растение канабис, дигитална вага, противпешадиска мина, рачна бомба, куршуми за карабин, една воздушна пушка и др.

    Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img