Двајца швајцарски алпинисти загинаа на планината Матерхорн, соопшти Алпскиот центар на италијанската царина.
Нивните тела денеска ги пронашла Алпската спасувачка служба на Аоста, на надморска височина од околу 3.100 метри и биле префрлени во станицата Сервинија, изјави портпаролот на агенцијата Франс прес.
Според агенцијата Анса, двајца планинари загинале во областа Лавље Гребен.