Службата за работи со странци на Босна и Херцеговина утрово спроведе постапка на присилно отстранување на двајца странски државјани, кои илегално престојувале во Босна и Херцеговина, во земјата на потекло, а пред отстранувањето биле ставени под надзор во Центар за имиграција на службата.
Присилното отстранување беше извршено со комерцијален лет од меѓународниот аеродром во Сараево. Службениците за обезбедување и придружба на Службата за работи со странци ќе ги придружуваат овие лица до земјата на потекло, каде што ќе бидат предадени на надлежните органи, соопшти Службата за односи со странци.
Службата и во наредниот период ќе продолжи со присилно отстранување на илегални мигранти од Босна и Херцеговина и ќе даде целосен придонес за безбедноста на БиХ.