More

    Дваесетдневната кампања за првиот круг Претседателски избори што се одржаа во средата заврши, но со кои средства биле финансисрани активностите на сите седум кандидати?

    spot_img

    Дваесетдневната кампања за првиот круг Претседателски избори што се одржаа во средата заврши, но со кои средства биле финансисрани активностите на сите седум кандидати?

    Според закон, сите седум кандидати до државниот ревизор доставија по два финансиски извештаи со детали за финансирањето. Физички лица, фирми, пренесени средства од партиите по различни основи, различни суми завршиле за финансисрање на кампањата.

    Вториот извештај на кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е празен, но во првиот пак фигурира позначајна сума на донации, од 526 физички лица во вкупна вредност од скоро 325.000 евра и уште една донација од правно лица во износ од 800 евра.

    Најмалку добиени пари од сите кандидати има пријавено актуелниот претседател Стево Пендаровски. Имено неговиот прв извештај е празен, додека вториот покажува дека за неговата кампања биле донирани околу 520 евра од 3 физички лица, како и 1.800 евра од едно правно лице, но во форма на услуга.

    Кандидатот Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ до првите 10 дена од почетокот на кампањата биле префрлени 450.000 денари од 9 лица од основната жиро-сметка на политичката партија на трансакциската сметка за изборната кампања, а уште 300.000 денари се нотирани во вториот извештај.

    За кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, во првиот извештај регистрирани се 26 донации од физички лица во вредност од 1.072.995 денари, а во вториот извештај регистрирани се донации од уште 1.093.995 денари од 31 физичко лице. Притоа, највисоки донации уплатиле Ванковска, партискиот лидер Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.

    Што се однесува за останатите кандидати за претседател, за првите 10 дена од кампањата на кандидатот на ДУИ, Бујар Османи извештајот е празен. Во вториот извештај, пак, единствено може да се најде една донација од правно лице во вредност од 185.000 денари. Во овој извештај стои и дека се префрлени „други приходи“ во вредност од 4.100.000 денари од партиската сметка на ДУИ на трансакциската сметка за изборната кампања.

    Донации од 521.900 денари од 5 физички лица легнале за потребите на кампањата на Арбен Таравари, според извештајот за првиот дел од кампањата, каде уште се наведува дека 2.050.000 денари биле пренесени средства од партиски сметки. Дополнителна донација од 183.000 денари е нотирана во вториот извештај од самиот Таравари, а плус 600.000 денари биле префрлени од партиска сметка.

    И 20 физички лица донирале 936.000 денари за кампањата на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, покажува првиот извештај доставен до Државниот Завод за Ревизија. Во вториот извештај поднесен на 20-от ден од кампањата, пак, заведени се донации од 2 физички лица во вредност од 50.000 денари.

    Инаку, на 8 мај во втор круг за избор на претседател одат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател Стево Пендаровски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img