Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел Надал ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло.
„Сè уште не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво. Нема да можам да играм на еден од најважните турнири во мојата кариера – во Монте Карло. Сè уште не можам да играм со максимални гаранции и да го продолжам процесот на подготовка, со надеж дека ќе се вратам наскоро“, напиша Надал на социјалните мрежи.
Триесет и шестгодишниот Надал нема играно од 18 јануари, кога поради повреда на бутниот мускул загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија опен (4:6, 4:6, 5:7).
Мастерсот во Монте Карло ќе се одржи од 9 до 16 април.