More

    Два швајцарски града воведуваат минимална плата од 4.075 евра

    spot_img

    Швајцарските градови Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра Веста звучи речиси како познатите стихови што ги отпеа Дино Мерлин, но не се сите задоволни со оваа одлука.

    Минималната плата што ја воведуваат Цирих и Винтертур е за 2,7 пати поголема од минималната плата во Германија. Впрочем, минимална плата во овие два града во Швајцарија е повисока и од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра.

    Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, додека во Винтертур таа поддршка е нешто помала – 65,6 отсто.

    Иницијативата за покачување на минималната плата ја водеа левичарските партии со тезата дека „оној што многу работи мора пристојно да заработува“.

    – Градскиот совет на Винтертур првично поддржа поумерена иницијатива за минимална плата. Кога тоа не успеа во парламентот, владата се изјасни за иницијативата „Плата за живот“ – изјави градскиот советник Николас Галаде.

    Колку и да звучи неверојатно, сепак во Швајцарија има политички партии кои не беа задоволни од исходот и од ставовите на граѓаните.

    – Во Цирих СВП, ФДП, ГЛП и центарот се бореа против воведувањето на минималната плата – вели Перпарим Авдили, претседател на ФДП на градот Цирих, кој е разочаран од резултатот.

    Тој е убеден дека со сиромаштијата не може да се борат на овој начин. Наместо тоа, изградена е бирократија, објаснува тој и додава дека таквата одлука секако не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.

    Според Авдили, се уште има многу неодговорени прашања кога е во прашање имплементацијата. На пример, како треба да се контролира минималната плата.

    Со него се согласува Дезире Шјес, претседателка на Здружението на мали и средни претпријатија Винтертур, Дезире Шис.

    – Овде има уште многу да се разговара. Ја прифаќаме оваа демократска одлука, но размислуваме и дали сакаме да поведеме правна постапка против неа. Само во Цирих околу 17.000 луѓе заработуваат помалку од 4.000 франци месечно. Ова главно ги погодува вработените во секторите како малопродажба, чистење или гастрономија – заклучува Шис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img