More

    Два реактори во нуклеарната централа Шинон во западна Франција се исклучени по пожар во неа

    spot_img

    Два реактори во нуклеарната централа Шинон во западна Франција се исклучени по пожар во неа, јави ДПА, повикувајќи се на синоќешното соопштение на енергетската компанија ЕДФ.

    Пожарот избувнал околу 2 часот и 40 минути вчера рано наутро, од главниот трансформатор на третата нуклеарна единица во неактивна зона, стои во соопштението на ЕДФ. Реакторот беше исклучен автоматски според протоколот. Од компанијата истакнуваат дека пожарот е изгаснат.

    Бидејќи четвртиот реактор е поврзан со третиот, тој исто така беше исклучен од безбедносни причини, додаде ЕДФ.

    Француската агенција за нуклеарна безбедност објави дека пожарот предизвикал пад на моќноста на третиот нуклеарен реактор, што пак довело до негово автоматско исклучување.

    Институтот за радијациска заштита и нуклеарна безбедност издаде посебно соопштение дека го следи инцидентот, кој според него „немал никакво влијание врз населението или животната средина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img