Од Центарот за управување со кризи информираат дека е изгаснат пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума.
„Пожарот кој беше активен во 18:50 часот кај граничниот премин Богородица е изгаснат во 20:15 часот. Во гасењето на пожарот интервенирале 4 пожарникари и 2 ПП возила од ТППЕ Гевгелија“, информираат од ЦУК.
Претходно регионалниот ЦУК Струмица, известил дека од 15:42 часот гори ниска стеблесна шума околу граничениот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар (0.5 ха).
„Веднаш на терен биле излезени 3 ПП возила од Територијалната противпожарна единица со девет пожарникари, тим од МВР Гевгелија со четири гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури“, појаснуваат од ЦУК.
Оттаму информираа дека пожарот бил изгаснат во 17:30 часот, но нешто повеќе од еден час огнот повторно се разгорел.