More

    Два дена пекол, викендов дожд, а потоа големо освежување

    spot_img

    Метеопрогнозерот Славчо Попоски вели дека од утре (четврток) полека во попладневните часови ќе започнат да растат условите за разој на локални грмотевични облаци во Македонија, но најпрвин на повисоките места. Тој додава дека од следната недела ни доаѓа голема температурна промена, односно големо освежување кое ќе донесе дури и потпросечни температури за јули

    – Најпрвин условите за ваква појава особено ќе започнат да растат во планинските региони, но и во оние населени места кои се во близина на планините. Од овие грмотевични облаци се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер. Не се исклучува можноста и за краткотрајна појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион во четврток попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер – вели Попоски.

    Тој посочува дека температурите остануваат екстремно високи и речиси насекаде ќе наминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат до 40 степени, но понекаде тие ќе надминуваат и 40 степени.

    Од УХМР најавуваат дека во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури.

    Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Веќе од сабота дневната температура ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img