Српската пејачка Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, кои сè уште се во брак, во текот на викендот се најдоа во центарот на нов скандал, откако се случи инцидент во нивната куќа.
Медиумите објавија дека во куќата на Дедиње дошло до инцидент помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, кога наводно поранешниот фудбалер ја грабнал и удрил пејачката, поради што реагирала и полицијата.
По тој повод сега се огласи и Душко Тошиќ и ја изнесе својата страна на приказната.
Имено, на прашање на еден од следбениците на социјалните мрежи дали навистина ја удрил и влечел Јелена за коса, следуваше одговорот на Душко.
„Не, се разбира дека не ја ни допрев. Сè намести“, напишал Тошиќ.