Меѓу Германците владее големо незадоволство од работата на нивната Влада, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот Форса, објавена на РТЛ. Околу три четвртини или 77% од анкетираните граѓани се изјасниле дека се помалку задоволни или воопшто не се задоволни од Владата.
Клучна тема во истражувањето е контроверзниот Закон за греење во Германија, кој има за цел да обезбеди најмалку 65% од новите системи за греење да се напојуваат со обновлива енергија.
Законот за греење, минатата недела, беше стопиран од страна на највисокиот суд на Германија што претставува голем удар за владата на канцеларот Олаф Шолц. Расправаат за спорниот Закон е одложена до септември.
Истражувањето покажа и дека 61% од луѓето сметаат дека проблемот со Законот за греење покажува дека коалицијата владее „непрофесионално и хаотично“.
Анкетата е спроведена на 1.002 граѓани на почетокот на јули годинава.