Дури 4.500 пациенти не отишле на закажани термини за магнетна резонанца

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира денеска заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

– Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала до сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат, навремено преку својот матичен лекар да го откажат терминот за тој да биде слободен за други пациенти – вели Манолева.

Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.

– Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за други пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку остануваат празни, (прегледите) не ги откажуваат пациентите, а други пациенти коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг, не можат да закажат – рече Манолева.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, Манолева рече дека ќе има усогласување со минималната плата.

– Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сиот друг помошно-техничкиот персонал и на административните работници во здравствениот сектор – одговори Манолева.

Share This Article