More

    Дури 3 случаи на неприродна смрт за кус период во полициски станици во Бор и во Србобран

    spot_img

    Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) по наредба на Вишото јавно обвинителство започна истрага и прибирање информации, како и утврдување на фактите и околностите под кои Д.Д., осомничен во случајот со малата Данка, почина во Полициското одделение во Бор, јави дописникот на МИА од Белград.

    Полициските службеници кои работат на овој случај постапуваат во целосна согласност со законот и со нивните овластувања, се наведува во соопштението на МВР.

    „Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола на МВР ќе поведе соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а јавноста за тоа ќе биде информирана навремено“, се наведува во соопштението.

    Во него се посочува дека насловите што се појавија во некои таблоиди се тенденциозни и неточни и дека имаат за цел да извршат притисок врз членовите на МВР кои својата работа ја вршат професионално и согласно законот.

    Адвокатот Родољуб Шабиќ оцени дека дури три случаи на неприродна смрт за краток временски период во полициските станици во Бор и во Србобран и во институцијата за извршување на кривични санкции во Падинска Скела се крајно алармантни предупредувања за состојбата и проблемите во функционирањето на државниот репресивен систем.

    Шабиќ, кој е и претседател на Граѓанскиот комитет за заштита на бранителите на човекови права, истакна дека ескалацијата на проблемот е резултат на неодговорното игнорирање, потценување и „туркање под тепих“ на ваквите случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img