More

    ДУИ понуди да излезе од Владата и местото за премиер Албанец да ѝ го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    ДУИ понуди да излезе од Владата и местото за премиер Албанец да ѝ го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ, потврдија денеска на брифинг владини извори откако синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи ја соопшти таа можност.

    – Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара позицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение – рече Османи синоќа во интервју на ТВ 21.

    СДСМ предлага владата во која, како што велат, ќе има братска поделба на ресорите со ВМРО-ДПМНЕ да го заврши процесот на уставните измени, процесот на скринингот и да затвори едно или две поглавја.

    – Понудивме веднаш да гласаме за уставните измени и веднаш да одиме на избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно кажува дека не е против уставните измени и дека сака да влезе во Владата. Тој има уште еден услов – ДУИ надвор од Владата, што ќе доведе до дестабилизација, бидејќи и Алијанса и Беса најавија дека во таков случај ќе ја напуштат Владата – велат владини извори.

    Овој услов на ВМРО-ДПМНЕ ги подгреа обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за моноетничка влада без Албанци, а не само без ДУИ.

    – Ние имаме редовна координација и со Таравари и со Алијанса за Албанците. И тие се на ист став како ДУИ, дека се спремни да ја напуштат Владата. Кога Мицкоски вели дека сака Влада без ДУИ, мисли на Влада без Албанците – рече Османи на ТВ 21.

    Иако при наведувањето на условот на ВМРО-ДПМНЕ за влез во широка преодна влада без ДУИ не беше спомната Алијанса за Албанците, лидерот на АА, Арбен Таравари даде двосмислена изјава: ем предупреди на загриженост од креирање монотеничка влада, ем дека нема такви тенденции. Тој рече дека АА одлучила да влезе во Владата заради евроинтегративниот процес и дека заради него и би излегла од Владата.

    Првиот вицепремиер, Артан Груби, вчера оцени дека албанските партии не сакаат да соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа за нив ќе има политичка цена.

    – Знаејќи дека кој било да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде политичка елиминација, самоубиство од која било политичка партија на Албанците, сите истрчаа да кажат дека нема да прифатат каква било покана за учество во таква моноетничка влада. Прва беше Алијанса за Албанците, даде таков јасен став, па излезе Беса даде таков став, па слушам и фракцијата (во ДУИ) дава таков став. Убеден сум дека и Алтернатива не би прифатиле, но нивна работа е – рече Груби на ТВ 24.

    Од Владата повторуваат дека Ковачевски на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се согласил со барањето уставните измени да важат одложено, но од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција, како што велат дека бара и Преговарачката рамка.

    – Барањето одложувањето да важи после 6 или 7 години не е прифатливо ни за ЕУ. Преговарачката рамка не може да се менува на лидерска средба – велат од владата и порачуваат дека дијалогот за обединување треба да продолжи.

    Тие оставаат простор ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, да се консолидира и да остане во процесот.

    Од Владата повторуваат дека Преговарачката рамка во себе ги содржи сите гаранции за македонскиот идентитет и за одржување на втората меѓувладина конференција, а од нас се очекува само да ги усвоиме уставните измени. Владини извори толкуваат дека изјавата на Мицкоски на прес-конференцијата по средбата со Ковачевски покажала дека не постои разговор за содржината на уставните измени и дека воопшто не се спори усвојувањето на уставните измени.

    – Ние нема да застанеме со уставните измени. Тие се во Министерството за правда и потоа во следните неколку недели ќе бидат доставени во парламентот – велат од владата.

    Истиот став го кажа синоќа и Османи кој рече дека уставни измени мора да има, со или без Мицкоски.

    – Нема да ја пропуштиме оваа историска шанса, за напредок на државата. Мицкоски се покажа како политичар од трета или четврта лига. Неискусен. Праќа лоша порака до партнерите во ЕУ. Неговата порака е дека ние ќе ги третираме Бугарите во Македонија како рамноправни граѓани кога ќе влеземе во ЕУ. Ова не е добра порака – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img