More

    ДСЗИ веднаш да постапи, животите на двајца пациенти фатално ќе звршеле поради лекарски грешки на хирурзи во струшката болница, до кога ќе се трпи лекарско самовоилие!??

    spot_img

    Нов скандал ја тресе струшката болница и повторно аматерски лекарски грешки на тројца хирурзи од Хирушкото одделение на Струшката болница, кои за малку ќе доведеа прерано да згаснат два млади животи.

    Во првиот случај во јануари месец 2022 година примена е пациентка со иницијали С.Ј.со тешка клиничка слика каде интервенираа докторите специјалисти д-р И.Р. и д-р З.Л. и д-р Б.Л. „имињата и презимињата познати на редакцијата“. Посочените доктори откако ги увиделе резултатите од Ехо на абдоемен и комјутерска томографија на абдомен веднаш извршиле хируршки зафат под сомнение дека пациентот С.Ј. има преплет на црева????

    Три дена по хирушкиот зафат врз пацинетката С.Ј. поовторно има влошување на клиничката слика која состојба оди до таму дека истата е животозагрижувачка за пациентката.

    Лекарското трио во струшката болница повторно врши хируршка интервенција врз пацинетката С.Ј. и оперативниот зафат траел повеќе од 5 часа за на крај лекарите д-р И.Р. и д-р З.Л. и д-р Б.Л. утврдат дека пациентката имала циста на јајник кој тие успешно го отстраниле?!

    Во само два дена од последната операција пациентката С.Ј. повторно и повторно нејзината состојба станува крајно критична и  веднаш лекарското трио  во струшката болница одлучува пациентката да биде транспортирана во Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје.

    Нејасно и крајно непрофесиолано спротивно на сите Здравствени протоколи постапуваат тројцата доктори – хирурзи од струшката болница повеќе од фактот дека пацинетката се јавила во Хируршкото одделение во струшката болница со извршен ехо на абдомен и извршена комјутерска томографија од кои наоди и студент на четврта година на Медицински факултет, а не лекар специјалист, хируг можел да увиди дека се работело за канцер на дебело црево на пациентката, кој наод при приемот на пациентката во клинката за дигестивина хиругија во Скопје веднаш бил увиден и веднаш се пристапило кон нова хируршка интервенција врз пацинетката С.Ј. која за среќа по нејзиниот живот завршила успешно.

    И во вториот случај повторно како актери се јавуваат тројцата хирурзи д-р И.Р. и д-р З.Л. и д-р Б.Л. од струшката болница каде врз пациент вршеле хируршка интервенција од 9 часот до 17 часот, замислете – „Отсранување на цревни содржини од абдомен“!!!?

    Истиот пациент наредниот ден во критична состојба од струшката болница е транспортиран во градската Општа Болница во Скопје како хитен случај. Лекарите во ГОБ повторно констатираат карцином на дебело црево врз пациентот и пристапуваат кон итна операција како би се спасил човечкиот живот.

    Ова се само два примери кои документирано пристигнаа во редакцијата Охридскај.

    Во изминатиов период, поточно во изминатата една година има над 30 случаи во струшката болница на крајно нестручно и неодговорно лекување на пациенти, но се говори и за барање на поткуп од страна на лекарската фела во Хируршкото одделение, лекари кои во случајов постанувале надрилекари.

    Редакцијата Охридскај го повикува ДРЖАВНИОТ САНИТАРЕН И ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ да постапи веднаш без одлагање, да изврши проверка врз работата на лекарите врз Хируршкото одделние д-р И.Р. и д-р З.Л. и д-р Б.Л. и доколку имаат потреба да го дознаат нивниот целосен идентитет може слободно да се обратат во редакцијата Охридскај по службена електронска пошта.

    Воедно го повикуваме и министерот „Парадер“ за здравство, Беким Сали наместо да тера партиска иделогија во здравствениот сектор веднаш и неодложно да ја преиспита работата на струшката болница, зошто граѓаните кои имаат потреба за здравствена помош, ниту се, ниту ќе бидат негови партиски заморчиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img