„Државни патишта“ го достави договорот за изведба и надзор над коридорите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЈП „Државни патишта“ постапувајќи по барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден го достави договорот за изведба и надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-Д, информираат од Јавното обвинителство.

Претходно, ЈП „Државни патишта“ до Обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со коридорите 8 и 10-д, за кои јавниот обвинител обезбеди пристап до електронската база на податоци на Бирото за јавни набавки.

„Договорот, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10-д, во наредниот период ќе бидат анализирани во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело“, се наведува во соопштението.

Со оглед дека станува збор за обемна документација, како што посочуваат од Обвинителството, на јавниот обвинител и тимот на истражители ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста.

„За секое постапување што нема да ја попречи постапката и ќе може да се сподели со јавноста, обвинителството навреме ќе информира“, се додава во соопштението.

Share This Article