Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвора предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвора предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.

Освен за овие два тендера Комисијата ќе отвори уште 13 други предмети поврзани со изборите, некои по допрен глас, а други по пријава, информираат од Комисијата.

Законите регулираат што не смее да се прави откако ќе се распишат изборите додека да завршат, и овие предмети се поврзани со почитување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, откако на 14 февруари претседателот на Собранието Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори закажани за 24 април и за 8 мај.

Со овие одредби се регулираат условите за нови инвестиции, јавни набавки, вонредни исплати, вработувања во државни и јавни институции, ангажирање хонорарни соработници и слично.

Share This Article