Државната дума на Русија денеска усвои предлог-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државната дума на Русија денеска усвои предлог-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР), јавува РИА Новости. Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин, изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, Владимир Путин, за да биде потпишан.

Пратениците сметаат дека признавањето на ДНР и ЛНР ќе создаде основа за обезбедување безбедносни гаранции и заштита на жителите на тие републики од надворешни закани, како и за зајакнување на меѓународниот мир и регионалната стабилност, нагласи Володин.

Утринава дел од руските трупи си заминуваа по завршување на некои од воените вежби од руската страна на границата со Украина. Додека шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го поздрави потегот, а Украина побара целосно повлекување, првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија ќе продолжи да изведува воени вежби на своја територија.

– Наше право е да изведуваме вежби на наша територија, каде што сметаме дека е неопходно и тоа не подлежи на дискусија со никого – рече Песков.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply